|
Труења предизвикани од опојни супстанции (алкохоли, дроги) |
- Да не се потценува ова труење: предизвикува исто толку смртни случаи колку и сите медицински труења заедно.
- Алкохолот има интеракции, особено со седативни лекови, па поради тоа клиничката проценка на пијанство е тешка и е во недоволна/слаба врска со концентрацијата на алкохол во крвта. (недоволен показател)?
- Методите за превенција на апсорпцијата во пракса се недоволни: медицинскиот јаглен е неефикасен и гастричната/желудечна лаважа е корисна само ако е изведена веднаш по консумирањето.
- Леталната/смртоносна доза е 3 гр/кг кај деца и околу 6 гр/кг кај возрасни.
- Ризикот од траума и церебрално/мозочно крварење поради дејството на етанол, повеќекратно се зголемува.
- Елиминацијата на етанол е индивидуално различна.
- Концентрацијата на алкохол во крвта < 2.5% сама по себе не дава објаснување за несвесната состојба кај возрасен.
- Критериуми за следење во оддел за интезивна нега
- Алкохолометриско мерење > 3 % (неодамнешното консумирање може да го покачи нивото)
- Нема вербален одговор
- Алкохолометарското мерење е во слаба врска/недоволен показател со/за состојбата на пациентот (се претпоставуваат други причини)
- Ако не се добијат горенаведените критериуми и клиничкото испитување не укажува на ниедна друга причина за понатамошно следење, затруениот пациент вообичаено се отпушта од одделот за интензивна нега, АКО
- Тој/таа може сам/сама да се грижи за себе ИЛИ
- Некој друг да се грижи за него/неа (полиција, придружник кој ќе реагира адекватно)
- Клиничко следење
- Се следи развојот во свесна состојба
- Шеќер во крвта, ниво на натриум и калиум и ацидо-базниот баланс ако постои сомнение за употреба на алкохолни супституенти
- Телесна температура, особено ако пациентот е фебрилен или телото му е студено (сомнение за хипотермија)
- Ако состојбата на пациентот не се подобри за 3-4 часа, дијагнозата мора повторно да се постави (ре-процени)
- Ако постои сомневање за мешана интоксикација, многу брзо треба да се даде медицински јаглен.
- При многу тешко труење, неопходен е третман во специјален оддел за нега
- Дете
- Несвесна состојба или кома
- Циркулаторни или респираторни симптоми
- Изопропанол се наоѓа во течноста во карбуратор од возило и во раствор на антифриз.
- Опојниот ефект е посилен и подолготраен од тој на етанолот.
- Третманот и следењето се како при труење со етанол.
- Метанол се наоѓа во раствори за чистење на ветробрански стакла (шофершајбни), отстранувачи на боја итн.
- Леталната доза е индивидуално различна, во просек 30 мл. (2 супени лажици!)
- Ако истовремено се консумира етанол, симптомите може да се појават одложено за неколку дена и тоа откако прво ќе се елиминира/исфрли од организмот етанолот
- Бидејќи симптомите се неспецифични, метанолот како прижина за труење треба постојано да се има предвид и тоа пред се во случај на влошување на состојбата на алкохолизираната личност. Во такви случаи, метаболната ацидоза ја потврдува дијагнозата.
Симптоми
- Опиеност, конфузија, гастрична болка/болка во градниот кош, повраќање, во многу случаи покачено ниво на амилаза
- Метаболичка ацидоза, диспнеа, хипервентилација
- Визуелни симптоми (бели точки или снегулки, слепило, широки зеници кои не реагираат на светло, папиларен едем)
- ЦНС симптоми (конвулзии, несвестица) и хипогликемија се исто така можни.
Третман
- Ако пациентот има хипервентилација/намалена свесност, или внесената количина на метанол е > 0.4мл/кг, треба да се даде 20% етанол орално (200 мл етанол + 800 мл овошен сок) и тоа 300 мл во првиот час, потоа 100 мл во интервал од/на секои 2 часа, ако пациентот одговара кога ќе му се обратат.
- Кај пациент во несвесна состојба, треба да се даде 10% етанол интравенски (100 мл етанол + 900 мл 5% раствор на гликоза) со 5-10 мл/кг за еден час како почетна доза и потоа 0.15-0.3 мл/кг/на час. Кај хронични алкохоличари се дава максималната горна доза. Цел: да се задржи концентрацијата на алкохол во крвта на 1% мил.
- Натриум бикарбонат инфузија од 1мл/кг за/во рок од 15 минути
- Фомепизол е замена за етанол: дозата е 10-20 мг/кг во 100 мл натриум хлорид во првите 30 минути, потоа 10 мг/кг во 12 часовни интервали.
- Третманот/терапијата секогаш треба да се изведува во болница каде може да се изведе и хемодијализа.
- Се наоѓа, на пример во антифриз раствори.
- Смртоносната доза е 100-150 мл.
- Симптоми
- Како и при интоксикација со метанол, но со следните разлики
- Визуелните симптоми отсуствуваат
- Ренални симптоми: можни се хематурија и протеинурија
- Можна е појава на хипергликемија.
- Третман
- Како и при интоксикација со метанол
- Зависниците од дрога обично имаат потреба од акутна нега заради следните причини: предозирање, апстиненцијални симптоми и траума.
- Вообичаена е мултипла/повеќекратна зависност.
- Неколку вида дрога
- Лекови
- Алкохол
- Корисниците на интравенски дроги може да имаат болести преносливи по крвен пат (80% имаат хепатит Ц).
- Дрогите се со различна концентрација и чистота, а вообичаени се и комбинации од различни дроги.
- Ризикот од смрт заради предозиранос е приближно 1% годишно за редовни корисници.
- Предозирањето вообичаено е резултат само на интравенско администрирање.
- Мешана интоксикација, особено со алкохол, ги влошува симптомите.
- Симптоми
- Опиоиден синдром, види погоре
- Несвесната состојба секогаш бара итно дејствување.
- Третман
- За неодложно дејствување, види 1.
- Ако кислородната сатурација не може веднаш да се корегира и покрај вентилирање со маска И/ИЛИ респираторните тонови се гласни, пациентот мора да се интубира.
- Антидот е налоксон. Дозата е помала отколку кај ттруења со други опијати (0.08 мг во временски интерали од 15-30 секунди се додека не се воспостави нормално дишење, максималната доза е 2 мг), а потоа степенот на дозирање се намалува се додека пациентот не се разбуди. Потребната доза обично изнесува 0.4- 0.8 мг и во просек пациентот се буди за 10-ина минути.
- Ако брзо не се воспостави и.в. линија/тек, еднаква ефикасност се добива со с.к. или и.м. администрирање на единечна доза од 0.8 мг.
- Вообичаено се препорачува следење во наредните 2 часа.
- Ретки несакани ефекти, на пр. конвулзии.
- Повторна појава на опиоиден синдром (многу ретко ако се употребува само хероин).
- Други причини, на пр. аспираторна пневмонија.
- Возрасен пациент може да се остави без надзор АКО
- интоксикацијата е резултат/ причинета само од хероин (алкохолометриски тест, анамнеза)
- пациентот одбива секаков третман И
- пациентот е потполно ориентиран/свесен И
- ако е дадена дополнителна доза 0.4 - 0.8 мг и.м. налоксон
- Симптоми: адренергичен синдром (Табела 1)
- Кокаинот предизвикува многу потешки срцеви симптоми од другите супстанци: (аритмии, миокардијален инфаркт) и конвулзии
- Со екстази особено се потенцирани тешка дехидратација, електролитно нарушување и хипертермија.
- Ризикот од ненадејна смрт се зголемува во следните услови
- Аритмии/болки во градниот кош
- Јака вознемиреност/агитација која бара употреба на сила?
- Третман
- Смирување со бензодиазепини, на пр. диазепам 5-10 мг и.в. или лоразепам 2-4 мг и.в. Да се даде доволно голема доза, бидејќи агитираниот пациент е со/под ризик од ненадејна смрт.
- Болки во градите/ краткотрајна несвестица/постоење на аритмија, ЕКГ
- Хипертензивни кризи
- Да се смири пациентот
- Лабеталол 20-50 мг и.в., ако е потребно во вид на инфузија 60-120 мг/на час; употребата само на бета-блокатор не се препорачува (алфа-ефектот кој останува може да предизвика хипертензивна криза).
Кај/при миокардијална исхемија, да се дадат нитрати, на пр. нитроглицерин во инфузија 20-200мцг/минута па дури и тромболитичка терапија
- Аритмии и хипертермија: види симптоматски третман/лекување
- Со екстази, многу е важно доволно администрирање на течност.
- Често се користи како седатив после употреба на стимуланти.
- Симптоми
- Седативен синдром кој е сличен на алкохолна интоксикација
- Типичен синдром е умерена брадикардија
- Симптомите траат од 2-8 час
- Халуциногеник: халуцинации, кататонија, психоза
- Типични симптоми се нистагмус и хипогликемија.
- Симптоматско лекување/третман, ако е потребно се даваат бензодиазепини како седативни средства.
1. Mayo-Smith MF. Pharmacological management of alcohol withdrawal: a meta-analysis and evidence-based practice guideline. JAMA 1997;278:144-151
2. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-978228. In: The Cochrane Library, Issue 4, 1999. Oxford: Update Software
3. Williams D, McBride AJ. The drug treatment of alcohol withdrawal syndrome: a systematic review. Alcohol and Alcoholism 1998;33:103-115
4. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-980796. In: The Cochrane Library, Issue 2, 2000. Oxford: Update Software
5. Holbrook AM, Crowther R, Lotter A, Cheng C, King D. Meta-analysis of benzodiazepine use in the treatment of acute alcohol withdrawal. Canadian Medical Association Journal 1999;160:649-655
6. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-998514. In: The Cochrane Library, Issue 1, 2001. Oxford: Update Software
7. Storgaard H, Nielsen SD, Gluud C. The validity of the Michigan Alcoholism Screening Test (MAST). Alcohol Alcoholism 1994;29:493-502
8. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-940827. In: The Cochrane Library, Issue 4, 1999. Oxford: Update Software
9. Bradley KA, Boyd-Wickizer J, Powell SH, Burman ML. Alcohol screening questionnaires in women: a critical view. JAMA 1998;280:166-171
The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-988736. In: The Cochrane Library, Issue 2, 2000. Oxford: Update Software
Превод и обработка: Научен сор. Др.сци Нико Беќаровски
|
|
|