Дали ви се допаѓа новиот дизајн?
Ми се допаѓа
Не знам
Не ми се допаѓа






ТРЕТМАН НА ТРУЕЊА

Основни правила

  • Лековите, или некој друг тип на труење се најчести причинители на губиток на свеста кај претходно здрави (посебно млади) лица, ако не е нотирана појава на асиметрија при невролошкиот преглед.
  • Третманот се класифицира на следниот начин.
    • Моментално делување. (види табела
    • Превенција на апсорпција на орално внесениот отров.
    • Останати специфични тераписки пристапи (Антидоти, дијализни техники)
    • Следствен третман (пронаоѓање на причината за труење, психијатриски третман)
  • Процена на ризикот базиран на количината на внесениот отров и поминатото време. Пациентот може моментално да делува потполно здрав.
  • Податокот за внесената количина често може да биде лажен
  • Во голем број на случаи труењата се мешани на пример алкохол со повеќе лекови и тогаш клиничката слика може да варира

Табела 1

Синдром

Причинител

Пулс/
ТА

свест

зеници

Темп.

Друго

Адренергичен

Амфетамин

Кокаин

Теофилин

Симпато-

миметици

++/++

Агитираност

Психози

Дилатирани

Намалена

потење

Миокарден инфаркт

Цербрално крварење

Аритмија

Антихолинергичен

Амфетамин

Кокаин

Теофилин

Симатикомиметици (лекови за астма)

++/++

Агитираност

Конфузија

Дилатирани

Зголемена

Сува

Црвенкава

Мукозни мембраби

Сува кожа, темп.

Ретенција на урина,

Холинергичен

ОФС

Печурки

/

Агитираност

Конфузија

безсознание

миоза

потење

Секреција на плунка од бронхи. Астма конвулзии. Инконтиненција на урина

 

Хероин

Еуофорни

аналгетици

/

Безсознание

>> миоза

/

 

Седативи

Алкохол

БНЗД

--/--

Конфузија

безсознание

/

/

 

Серотонинергичен

Антидепрес.

Моклобемид

Трамадол

Амфетамин

кокаин

/

Агитација

Конфузија

Безсознание

/

/

Температура,

миоклонус

Иследувања кај затруен пациент

  • Следуваат по спроведеното моменталното (на лице место) делување.
  • Попрецизна детерминација на степенот на свесност: Глазгов Кома Скор.
  • Диференцијанла дијагноза, односно исклучување на други причинители (правилото на МИДАС , менингит, интоксикација, дијабет, аноксија, субдурален хематом)
  • Дишење
    • Кислородна сатурација
    • фреквенција на дишењето
    • аускултаторен наод
  • Циркулација
    • Крвен притисок
    • Пулс
    • Екг наод
  • Останати базични иследувања
    • Базична анализа на крвта (крвна слика, гликемија, натриум, калиум, уреа, креатинин, ASTRUP, алкохол во крвта)
    • Квалитативна анализа на урина присуство на лекови кај нејасни и сериозни случаи
    • Форензички примероци (крв+стомачна содржина)

Превенција на апсорпција

  • Најефикасен начин на терапија
  • Ефектот е редуцуран пропорционално со изминатото време, но како и да е има индивидуални варијации а ефектот зависи и од видот на конзумираната супстанца

Медицински јаглен

  • Најпрепорачуван облик на терапија, применлив и вонхоспитално.
  • Препорачана доза за возрасни е 50гр, за деца 1гр/кг. Релативниот ефект слабее ако соодносот на медицинскиот јаглен со дозата е помал од 10:1 (пр. 50гр : 5гр отров) Во такви случи се зголемува внесот на медицински јаглен. Повтори ја дозата од 20-50 гр. секои 2-4 часа.
  • Кај свесни болни внеси ја дозата како пијалок, а кај останатите е неопходно претходно обезбедување на дишните патишта
  • Не е ефикасен кај алкохол, метали (Fe, Pb, As, Li), цијаниди, растворувачи
  • Медицинскиот јаглен е контраиндициран кај пациенти кои испиле корозивни материи бидејки ја оневозможува ургентната ендоскопија

Гастрична промивка (лаважа)

  • Лаважата е дефинитивно помалку ефикасна од медицинскиот јаглен и предизвикува повеќе компликации. Покрај тоа го одложува значајно и давањето на медицинскиот јаглен.
  • Размислувајте за лаважа само во труења кај кои медицинскиот јаглен не ја апсорбира токсичната супстанца или труењето е со летални дози.
  • Пациент во безсознание задолжително мора да биде интубиран пред лаважирањето
  • Процедура за лаважирање:
    • Пациентот треба да се смести на неговата лева страна, а главата да биде поставена пониско од телото.
    • Назогастрична сонда со голем калибар (1см) се инсталира (без форсирање) до длабина која претходно е приближно измерена. Локацијата на сондата мора да е потврдена (гастрична содржина истекува низ неа) пред да се започне лаважирањето.
    • Кај возрасен се аплицираат по 200 мл. течност загреана на 37о С.
    • Лаважата се продолжува се додека не се добие бистар лават.
    • После лаважата се аплицира медицински јаглен.
  • Контраиндикации
    • Пациенти со ингестија на корозивни супстанции (киселини или бази)
    • Ингестија на разредувачи - само доколку се проодни дишните патишта (свесен или интубиран).

Интестинална пасажа

  • Постојат малку докази за нејзината ефикасност.
  • Размислувај за неа доколку:
    • Интоксикацијата е живото загрозувачка и/или
    • Лекот е земен пред подолг период и/или
    • Лекот е во депо форма
  • Интубирај претходно доколку е исполнет критериумот (види оддел дишни патишта)
  • Постапка
    • Прво се дава медицински јаглен ( се претпоставува дека ќе го абсорбира лекот)
    • Раствор на полиетилен гликол , на пр. Colonsteril/Clean-Prep се дава кај возрасни по половина л/час орални или преку назогастрична сонда се додека не се детектира медицински јаглен во столицата.
    • Не заборавај да дадеш медицински јаглен повторно.
    • Доколку се јави наузеа се дава метоклопрамид 10 мг и.в.

Индуцирање емеза

  • Не е успешна. Употребата на еметици не се препорачува поради несигурниот и бавен одговор

 

Позициона терапија

  • Ставање на пациентот во лежечка позиција на лева страна може да ја забави апсорпцијата.

Останати специфични постапки

  • Антидоти, види специфични интоксикации
  • Елиминациона терапија (хемодијализа, хемоперфузија)
    • Ретко се користи
    • Обично можна само во поголемите болници
    • Возможна само кај неколку супстанции
      • Амфетамини
      • Ацетилсалицилна киселина
      • Лекови за епилепсија ( фенитоин,карбамазепин,валпроична киселина)
      • Литиум
      • Теофилин
      • Деривати на алцохол ( метанол и етилен гликол)

Одлуката зависи од тежината на симптомите и /или од концентарцијата на токсичната супстанција.


Симптоматска терапија

Најчест облик на третман!

Дишни патишта

  • Интубирај го пациентот доколку степенот на свест е понизок од 8 според Glazgov Koma skor ( види прехоспитален третман, таб.1)
    • Се интубира во следните ситуации
    • Загуба на фарингеален рефлекс ( иритацијата предизвикана од трахеалната туба се толерира)
    • Чујни дишни звуци( стругави и пискави)
    • Респираторна/хемодинамска инсуфициенција
  • Исклучоци
    • Можноста за засегање на свеста брзо расте (пр. Хипогликемија)
    • Употребата на антидоти може да е побезбедна отколку интубација каде медицинскиот персонал не е доволно искусен за изведување на постапката
    • Доколку интубација не може да се изведе, пациентот се става на неговата лева страна, се вметнува трахеален тубус, се обезбедува интравенска линија и се договара трансфер на пациент за понатамошен третман со придружба
    • Пациент во бессознание или сомнолентен треба да се сврти на страна поради ризик од повраќање и аспирација

Респирација ( дишење)

  • Оксиметријата сензитивно ги открива и малите пореметувања во оксигенацијата
    •  Ограничувања: Не ги открива лажните хемоглобини (јаглероден моноксид, циано и метхемоглобин) или респираторна инсуфициенција при администрирање на кислород
    •  Опсервација на дишење
    • Употреба на помошна мускулатура, движење на граден кош, можност за говор
    • Дишењето станува отежнато во случаи со недоволна сатурација на кислород, аспирација или метаболна ацидоза.

Циркулација

  • Клиничка проценка: полнетост на вените на вратот, едеми, периферна температура, крвен притисок, пулс.
  • Хипотензијата е најчест проблем.Обично причина е хиповолемија (пациент пронајден во бессвесна состојба). Директното дејство на ингестираниот медикамент е поретка причина
  • Третирај ја хипотензијата со раствори: 500 мл на физиолошки раствор или Рингер. Дозата може да се повтори доколку состојбата на пациентот не се подобрува. Доколку растворите не се доволни, се започнува со инфузија на допамин > 5 мг/кг/мин.
  • Аритмиите се третираат ако
    • Имамаме хемодинамски пад, (низок притисок)
    • Ако пациентот има вентрикуларна тахикардија
  • Третманот вклучува електроконверзија по седација или давања на брзоделувачки лекови (лидокаин 1,5-3мг/кг/и.в.)
  • При појава наtorsade de pointes вентрикуларна тахикардија, дај магнезиум сулфат 1-2 гр/и.в. или имплантирај pace maker.
  • При спори аритмии дај атропин 0.01 мг/кг./и/в., ако нема одговор се пробува со допамин/исопреналинска инфузија или електостимулација со паце макер.

Конвулзии

  • Знак за тешка интоксикација, може да се јават како резултат на тешко хемодинамско пореметување (шок, аритмии).
  • Секогаш првин мора да се исклучи постоење на хипогликемија.
  • Конвулзиите предизвикани при труење со трициклични антидепресиви, значат потреба од алкализација (Натриум бикарбонат 75мг/мл. 1 мл/кг).
  • Алкохолна или апстиненцијална криза предизвикана од лекови, секогаш треба да се земе во предвид како можен причинител на конвулзиите.
  • Третман:
    • Возрасни: диазепам во дози од 5мг и.в. до 30мг. За деца дозата е 0.2 мг/кг.
    • Понатаму лоразепам во дози од 2мг/и.б. до максималните 8мг.
    • Ако нема одговор Þ тотална анестезија+интубација: на пример со пропофол 1-2 мг. и.в. и во инфузија 4-12 мг/кг/и.в.
    • Ако е неопходно да се избегне интубација може да се проба со диазепамска инфузија.

Аспирациона пнеумонија

  • При потврда на дијагнозата се дава 2.000.000 И.Е. пеницилин Г џ 6 и.в. или цефуроџиме 1,5 гр. џ 3 и.в.

Рабдомиолиза

  • Ризикот е голем кај пациентите кои биле најдени со изгубена свест, имале конвулзии или знаци за некроза поради притисокот на кожата или изразена мускулна слабост.
  • Урината е темна или црвена и стиксот има присуство на крв (вкрстена реакција со миоглобинот).
  • Серумскиот срК и миоглобинот корелираат со тежината на состојбата.
  • Лекувај со обилни количини на течности и алкализирање на урината

Избор на место за третман

  • Во голем број на случи болниот има потреба само од следење и симптоматска терапија
  • Некои пациенти имаат потреба од акутни инвазивни процедури.
  • Некои постапки се можни во локалните болници (антидоти), а некои само во специјализирани ( дијализни техники, ендоскопија).
  • Одредувањето на концетрацијата е корисно во труења предизвикани на пример со алкохол, дигоксин, литиум, парацетамол теофилин итн. Поради тоа лабораториските анализи се неопходни кај потешките труења.

Слични согледувања

  • Алкализацјата на плазмата при труењата со органофосфатни пестициди може да го подобри исходот, но за тоа нема докази од контролирани студии.


Литератрура

1. Position Statement American Academy of Clinical Toxicology : European Association of Poisons Centres and Clinical Toxicologists. Clinical Toxicology, 35(7) 699-762 (1997)

2. Medicolegal Aspects of Managing Deliberate Self Harm in The Emergency Department. NZ Med J 1998; 110 255-2:
Превод и обработка: Научен сор. Др.сци Нико Беќаровски

ВЕСТИ







 

 

 

© Copyright 2008