Дали ви се допаѓа новиот дизајн?
Ми се допаѓа
Не знам
Не ми се допаѓа






Труење со јаглероден моноксид

Цели

  • Посомневај дека се работи за труење со јаглероден моноксид секогаш кога се работи за пациент со необјаснива главоболка, тежок замор (бессвесна состојба), гадење и повраќање.Бидејќи симптомите се неспецифични, експозиција на јаглероден моноксид може да преставува дијагностички проблем.
  • Хипербарната кислородна терапија може да е од корист во повеќето труења со јаглероден моноксид каде има губиток на свеста (COHb > 40 %).
  • Пулсната оксиметрија не разграничува дали се работи за карбоксихемоглобин (COHb). или оксихемоглобин (OHb) и дава лажно нормални резултати за тешко аноксични пациенти.

Општи напомени

  • Труењето со јаглероден моноксид води до летален исход во повеќето суициди.
  • Акциденталните труења се предизвикани од согорување на бензиски мотори во затворен простор, од различни видови на грејни тела кои користат гориво или плин, и традиционални печки на дрва.
  • Пациенти со кардилошки и пулмонални заболувања развиваат симптоми на аноксија и при случаи со пократка експозиција на јаглероден моноксид (COHb 10-20%).Кај генерално здрави луѓе, првите симптоми на труењето се пореметување на свеста со различен степен.
  • Во случај на аноксија, јаглеродниот моноксид предизвикува токсични ефекти предизвикувајќи оштетување на органи слично како кај труење со цијанид.
  • Тежината на труење зависи од концентрацијата на јаглероден моноксид како и времетраење на експозиција.

Симптоми и наоди

  • Симптомите се неспецифични и обично диајгнозата подоцна се поставува. Понекогаш труењето погрешно се дијагностицира како респираторна или гастро-интестинална инфекција.
  • Неуролошки симптоми вклучувајки главолбка, замор, гадење и повраќање
  • Губиток на свеста во различен степен се јавува кај сите тешки случаи
  • Пациентите со пореметена свест често имаат црвени усни и образи
  • Како последица од труењето со јаглен моноксид пациентите може да развијат спори реверзибилни или иреверзибилни неспецифични невролошки промени.

Дијагноза

  • Тешка за откривање, посебно при лесните облици кога експозицијата не е откриена
  • Дијагнозата е полесна ако повеќе луѓе останат болни истовремено.
  • Мерењето на концентрацијата на COHb ги потврдува клиничките сомневања (кај пушачи концетрација на COHb е околу 5%)

Третман

  • Лесното труење исчезнува по неколку часовен престој на свеж воздух
  • Дишењето чист кислород (100%) го редуцира полуживотот на COHb на неколку часа. Кислородната терапија треба да се дава 4-6 часа.
  • При тешките труења, брзото започнување на хипербаричната кислородна терапија ги редуцира невролошките оштетувања
  • Според општо прифатената Европска декларација од 1994 год. се препорачува хипербарична кислородна терапија за пациенти во бессвесна состојба или оние со тешки невролошки или кардилошки симптоми. Нивото на карбоксихемоглобин над 40% исто така бара примена на хипербарична кислородна терапија кај пациенти кои се асимптоматски.
  • Не секогаш нивото на карбоксихемоглобинот корелира со тежината на труењето!
  • Ефектите од примена на хипербарична кислородна терапија при водењето на умерени труења со јаглероден моноксид се контрадикторни C

Литература

  1. Walker E, Hay A. Carbon monoxide poisoning. BMJ 1999; 319:1082–83
  2. Pullinger R. Something in the air: survival after dramatic, unsuspected case of accidental carbon monoxide poisoning. BMJ 1996;312:897–898
  3. Juurlink DN et al. Hyperbaric oxygen for carbon monoxide poisoning. In: Cochrane Library, Issue 4, 2000, Oxford: Update Software
  4. European Committee for Hyperbaric Medicine. Wattel F, Mathieu D (eds.) 1st European Consensus Conference on Hyperbaric Medicine. Lille 1994, pp 1–157

Превод: Научен сор. Др.сци Нико Беќаровски

ВЕСТИ







 

 

 

© Copyright 2008