Дали ви се допаѓа новиот дизајн?
Ми се допаѓа
Не знам
Не ми се допаѓа






Труења со габи (Mycetismus)

Основни начела:

  • Гастроинтестинална токсичност, која започнува за два часа по ингестија на габи е скоро секогаш бенигна.
  • Токсичност која се јавува по 5 часа може да е поврзана со тежок хепаторенален облик.
  • Аманита видот живее во северната хемисфера
  • Гиромитра видот се јавува претежно во пролет.
  • Никогаш не се ослонувај на фактот дека идентифицираната габа е единствениот вид, поради мешаните облици на габи. Ако се двоумиш следи ги симптомите.
  • Дисулфирамска реакција може да се јави при конзумирање на алцохол 2-72 часа по внес на габата Coprinus.

Габи кои предизвикуваат рани гастроинтестинални симптоми

  • Голем број на габи предизвикуваат симптоми во тек на 1-2 часа по ингестијата.
      • Chlonophyllum molybdites
      • Agaricus bisporus
      • R.rhodopolius
      • Boletus satanes
    Симптомите исчезнуваат за 12-48 часа

    Симптоми:

    • Абдомниална болка.
    • Стомачни спазми
    • Повраќање
    • Пролив во траење до 48 часа
    • Дехидратација

    Диференцијална дијагноза

    • Стафилококни труења
    • Други труења со храна

    Лабораториски анализи:

    • Следење на електолитен статус
    • Одредување на хеталани ензими и билирубин кај овие труења не е потребно.

    Третман

    • Гастроинтестинална деконтаминација не е потребна поради повраќањето и проливот.
      • Пациентите ретко поднесуваат аплицирање на медицински јаглен.
    • Адекватна супституција на течности и електролити е неопходна.
    • Антиеметици, како прометазин се препорачливи.
    • Примената на антидијароици се избегнува.
    • Третманот и мониторирањето на болниот трае до 24 часа.
      • Продолжен хоспитален третман е ретко потребен бидејки симптомите исчезнуваат за 12-18 часа.

    Габи кои предизвикуваат одложен гастроентеритис со мултифокална дисфункција

    Две различни групи на габи (Аманита и Гиромитра) предизвикуваат слични гастроинтестинални симптоми кои се развиваат 6-24 часа по конзумирањето.

    Труења со видот Аманита

    • Подтипови:
          • Amanita phaloides
          • Amanita verna
          • Amanita virosa
          • Amanita smithiana
          • Lepiota chlorophyllum( не припаѓа кон овој род, но го произведува истиот токсин- аманитин)

    Клинички знаци и сипмтоми

    • Тежината зависи од:
      • Количината
      • Начинот на подготовка
      • Возраст и пол на болниот
    • Гастроинтестинални симптоми:
      • Се јавуваат 5-12 часа по внесот
      • Интензивен гастроентероколитис (colera like).
      • Кај 25% поминува во фулминантна хепатална инсуфициенција.
      • Хиповолемија
      • Хипогликемија
    • По дванаесетина часа настапува подобрување на состојбата.
      • Следи вториот латентен период (до 3-4 ден).
        • Се јавува фулминантна прогресивна хепатална инсуфициенција.
          • Со прогресија на болеста се јавува акутна бубрежна инсуфициенција, како резултат на хепаторенален синдром.
          • Примарна ренална инсуфициенција, како резултат на нефротоксичност на аманитинот се јавува при конзумирање на Amanita smithiana.

    Труења со Гиромитра ескулента

    Клинички знаци и симптоми

    • 6-8 часа по конзумирањето се јавува нагло гастроентероколитис придружен со:
      • Вртоглавица
      • Гадење
      • Главоблка
      • Губиток на координација
        • При полесните труења не се среќаваат невролошките симптоми.

    Диференцијална дијагноза

    • Пациентите кои развиваат одложен гастроенеритичен синдром се тешки за дијагноза во првиот стасдиум.
    • Труењето со аманитин и гиромитрин многу наликува на труења со салмонела.
    • Хепаталната инсуфициенција мора да се разграничи, од инсуфициенција предизвикана поради конзумирање на ацетаминофен или инфективен хепатит.
      • Главната разлика е интензивниот гастроентероколит кој претходи при овие труења со габи.

    Мониторирање и лабораториски наоди

    • Пациентите за кои се знае дека конзумирале габи, суспектни за овие две групи, задолжително треба да се опсервираат 3-5 дена.
      • Во текот на гастроинтестиналната фаза задолжително да се мониторира гликемијата секои два часа, бидејки хипогликемија може нагло да настане и да биде тешка кај двата вида.
      • Хепаталните ензими треба секојдневно да се мониторираат.
        • Хепаталните ензими почнуваат да растат помеѓу 36-72 час од труењето.
        • Кога ќе почнат да растат задолжително да се мониторираат (AST. ALT и билирубините) 2-4 пати дневно.
      • Коагулационите проби ( протромбинско време, парцијално тромбопластинско време и бројот на тромбоцити) се мониторираат еднаш дневно.
      • Амилазите се често покачени но панкреатит се развива ретко.
      • Падот на неутрофилите, лимфоцитите и тромбоцитите е без сигнификантно клиничко значење.
      • Намалената тироидна функција, хипофосфатемија, хипокалциемија и зголемено ниво на инсулин се дијагностицираат при труења со Amanita faloides.

    Лабораториска детекција на токсините

    • Меиџнер-ов тест се докажува аматоксин од самата габа.
      • Лажно позитивни резултати се добиваат кај околу 20% од испитуваните габи.
    • Тенкослојната хроматографија служи за детекција на аматоксините во урината и е сензитивна до 50 нанограми/мл.
    • Радиоимуноесејна техника докажува аматоксин во желудечна содржина или урина во концетрација > 0,5 нанограми/мл.
    • Нема техники за докажување на giromitrin или неговите метаболити.

    Третман

    • Ако внесот на габите е во текот на 2-4 часа пред приемот , да се направи лаважа.
      • Најчесто пациентите се јавуваат по 5 часа со појавата на првите симптоми
    • Повторувани дози од 20-40 грама медицински јаглен, на секои 3-4 часа се ефикасни кај труења со Аманита, поради ентерохепатичниот циклус на аматоксините во текот на најмалку 24 часа.
      • Во текот на гастроинтестиналната фаза, загубата на течности и електолити треба да се компензира.
      • Континуирано давање на гликозни раствори и мониторирање на гликемијата, бидејки хипогликемијата е чест причинител на летален исход.
    • По завршетокот на GI фазата се дава стандардна супуративна терапија за хепаталната инсуфициенција.
    • Пациентите кај кои се регистрира пораст на протромбинското време имаат потреба од свежа плазма.

    Аманитин специфичен третман

    • Историски терапевтски пристап:
      • Форсирана диуреза
      • Континуирана дуоденална дренажа
      • Тиоктична киселина како абсорбер на слободните радикали
    • Општо прифатена терапија:
      • Давање на силамарин и силибилин.
      • Повеќекратна апликација на медицински јаглен.
      • Penicilin G во дози од 300.000-1.000.000 IE/кг./дневно.
      • Примена на хипербаричен кислород заедно со високи дози на пеницилинска терапија.

    Хемодијализа и хемоперфузија со медицински јаглен

      • Хемоперфузијата со медицински јаглен е корисна во првите 24 часа од труењето, кога се уште може да се детектираат аматоксините.
      • По 36 часа нема медицинско оправдување за нејзина примена.
      • Хемодијализата, не се препорачува за отстранување на аматоксините (напротив дури ја влошува состојбата), освен кај пациенти кои развиваат акутна бубрежна слабост.
    • Трансплантација на црн дроб се препорачува при:
      • Ниво на фактор В на коагулација < 10%.
      • AST >2000 I.Eвтор стадиум на хепатална енцефалопатија и протромбиноско време > 50 сек.

    Гиромитрин специфичен третман

    Пациентите со невролошка симптоматологија, како резултат на дејството на N-metylhydrazine или monomethylhidrazine , успешно се третираат со високи дози на пиридоксин, во дози од 25 мг./кг, а максимално 25 грама/ден.

    Секвели

    • Морталитетот изнесува 35-50% кај деца труени со Amanita faloides.
    • Гирамитра дава леталитет 15-35%.
    • Кај пациенти кои преживеале акутна хепатална слабост, се нотираат перманентно покачени трансаминази.

    Габи со невротоксичен ефект

    • Видови:
      • Фамилија Psilocybe
      • Фамилија Inocybe
      • Фамилија Clitocybe

    Клинички знаци и симптоми

    • Мускарински ефекти:
      • Саливација
      • Лакримација
      • Уринирање
      • Дијафореза
      • Гастроинтестинални потешкотии, повраќање
    • ЦНС ефекти:
      • Главоболка
      • Атаксија
      • Проблеми со видот
      • Нема пореметување на сензориумот
    • Внесување на 10 мг, Pasilocybe cabensis предизвикува лесна еуфорија, а поголеми дози халуцинации и изгубен осет за време. Симптомите се развиваат за 15-30 минути и траат 2-6 часа.
    • Кај пациентите со мускраински ефекти се јавува повраќање, брадикардија, бронхоспазам, тесни зеници, симптоми кои траат 6-24 часа.

    Третман

    • Супоративен третман
    • Бензодијазепини при агитираност и грчеви
    • Атропин при бронхореа во дози од 1мг до престанок на бронхореата.

    Диференцијална дијагноза

    Поради брзиот почеток по ингестирањето нема големи потешкотии во поставувањето на дијагноза.

    Сличноста со антихолинергичните алкалоиди, (родот Datura), може да преставува извесен диференцијално-дијагностички проблем.

    Литература

    1. Schneider SM. Mushrooms popisnoning. Clinical Toxicology;1st edition 2001; 899-908
    2. Aji DY, Caliskan S, Nayir A, et all. Haemoperfussion in Amanita phaloides poisoning. J.Trop.Pediatr;1995; 41;371
    3. Litovitz TL, Klein-Schwartz W, Chan VR. Annual report of American Assotiation pf Poison Control Centeres toxic exposure survellance system. Am.J.Emerg.Med; 1998; 16-433

      Превод: Научен сор. Др. сци Нико Беќаровски

      ВЕСТИ







       

       

       

      © Copyright 2008