Дали ви се допаѓа новиот дизајн?
Ми се допаѓа
Не знам
Не ми се допаѓа






Пациент во безсознание

Проценка на нивото на свесност

  1. Свесен, ориентиран
  2. Сомнолентен, но се буди на повик и е способен да соработува
  3. Длабоко сомнолентен, тешко се буди, конфузен
  4. Реагира соодветно на болни дразби ( повратно)
  5. Реагира на болни дразби стереотипно ( т.е. одложено)
  6. Не реагира на болка, но спонтаното дишење се одржува
  7. Не реагира на болка, нема спонтано дишење

  • Секогаш наодите рапортирај ги целосно и внимателно, забелешка од типот “ пациентот е во бессвесна состојба “ не е доволна. Види 2.

Откривање на причината за безсознание

После обезбедувањето на виталните функции, веднаш се поминува кон откривање на причината за безсознанието. Анамнезата е многу важна, не дозволувај на член од семејството, или друг сведок на настанот, да замине пред да даде важни информации.

    • Дали загубата на свеста се случила ненадејно? Дали претходеле конвулзии, траума, прексцитирачки симптоми?
    • Дали пациентот има минати заболувања (епилепсија, дијабетес и.т.н) и дали зема лекови?
  • Секогаш имај ги на ум потенцијално можните причиниина за третман на безсознанието.
  • Запомни го МИДАС правилото:
    • Менингит
    • Интоксикација
    • Дијабетес
    • Аноксија
    • Субдурален хематом
  • Нема време за губење кога:
    • Се сомневаш за инфекција, третманот на бактерискиот менингит мора да почне веднаш, после направената лумбална пункција без да се чекаат лабора-ториските анализи, доколку цереброспиналната течност е заматена или постои било кое основано сомневање дека се работи за бактерсики менингит.
    • Безсознанието се продлабочува и се јавуваат прогресивни знаци како дилатирана, нереактивна зеница. Ова наложува потреба од итна неврохируршка интервенција.
  • Третманот и иследувањето на пациент во безсознание обично треба да се спроведат во соодветна здравствена установа. Ако нема можност во моментот, пациентот се префрла во друга соодветна установа, се додека не се обезбеди понатамошен трансфер на пациентот.
  • Во здравствениот центар или подрачната единица секогаш се мери нивото на гликемија. Другите тестови може да се изведат, доколку нивните резултати бидат готови пред или за време на трансферот.
  • Пулсната оксиметрија е корисна за проценка на хипооксијата.
  • Во случај на сомневање за бактерсики менингит, а трансферот се очекува да е долг, треба веднаш да се направи лумбална пункција и да се започне со третман. Примерокот од цереброспиналниот ликвор треба да се испрати во болницата заедно со пациентот, и треба да се чува на собна температура ( т.е. во внатрешниот џеб)
  • Дел од цереброспиналната течност може да се стави во шишенце за хемокултура.
  • Треба веднаш да се започне со интравенозни раствори, посебно доколку се јавуваат знаци за шок.

Етиолошко решение на пациент во безсознание

Кожа

  • Знаци за траума ( гребаници, посекотини) : интракранијална повреда
  • Бледило, препотеност: хипогликемија, хиповолемичен шок
  • Сувост, зацрвенетост: дијабетична кома
  • Цијаноза: заддршка на јаглероден диоксид
  • Спидер невус-и: алкохолна интоксикација, хепатална кома
  • Темно црвена боја: интоксикација со јаглероден моноксид

Јазик

  • Знаци за прегризување: епилепсија

Мирис на здив

  • Етанол: алкохолна интоксикација
  • Ацетон: дијабетична кома
  • Урина: уремија

Телесна температура

  • Хипотермија: смрзнатини, тешко оштетување на мозокот или интоксикација
  • Хипертермија: инфекција (менингитис, сепса), тешко оштетување на мозок.

Срцева акција

  • Атријална фибрилација: удар предизвикан од емболија
  • Брадикардија: атриовентрикуларен блок, интоксикација со дигиталис
  • Тахикардија: инфекција, шок, аритмија

Крвен притисок

  • Хипертензија: интрацеребрална хеморагија, субарахноидална хеморагија, аноксија, хипертензивна криза
  • Хипотензија: шок (крварење, инфаркт на миокардот), интоксикација, тешко оштету-вање на мозокот, дијабетична кома.

Дишење

  • Површно, брзо: интоксикација
  • Чејн-Штоксово дишење: тешко оштетување на мозок

Инконтиненција

  • Фекалии : епилептични напади

Причини за безсознание

Примарни интракранијални причини

  • Траума на мозокот
    • Кај хроничен субдурален хематом не е секогаш позната траумата
  • Интракранијални хематоми
    • Субарахноидална хеморагија
    • Интрацеребрален хематом
  • Удар
  • Тумори на мозок
    • Ако туморот почне акутно да крвари, може да нема претходни невролошки симптоми
  • Епилептични напади и постиктусна состојба.
    • Обично има конвулзии
    • Постојат знаци на гризење на јазикот како и инконтинеција

o Пациент болен од епилепсија е предиспониран кон повреди на глава. Имај го ова на ум, во случај кога има невролошки знаци , опоравувањето после епилептичен напад е бавно

  • Инфекции на централен нервен системи
    • Менингитис
    • Енцефалитис
    • Апсцес на мозок

Системски заболувања кои може да доведат до безсознание

  • Пореметување во циркулација
    • Шок ( хиповолемичен, кардиоген, анафилактичен)
    • Хипертензивна криза
    • Аритмија
      • Тахикардија
      • Брадикардија
      • Адамс-Штокс
    • Вазовагален колапс
  • Пореметување на метаболизмот
    • Хипоксија
    • Дијабетес
      • Кетоацидоза
      • Хипогликемија
    • Пореметување на електролитниот баланс
    • Уремија
    • Хепатална кома
  • Интоксикации
    • Алкохол
      • Запамети дека алкохолизираните лица се предиспонирани кон повреди
    • Медикаменти
      • Често познат или суспектен. Испитувај урина за дроги со помош на стиксови, земи примерок на крв за понатмошни анализи
  • Инфекции
    • Сепса, пнеумонија
  • Смрзнување или опекотини

Редослед за испитување на пациент во безсознание

Види 1

Литература


  1. Kwan I, Bunn F, Roberts I, on behalf of the WHO Pre-Hospital Trauma Care Steering Committee. Timing and volume of fluid administration for patients with bleeding following trauma. The Cochrane Database of Systematic Reviews, Cochrane Library number: CD002245. In: The Cochrane Library, Issue 2, 2002. Oxford: Update Software. Updated frequently
  2. The Albumin Reviewers (Alderson P, Bunn F, Lefebvre C, Li Wan Po A, Li L, Roberts I, Schierhout G). Human albumin solution for resuscitation and volume expansion in critically ill patients. The Cochrane Database of Systematic Reviews, Cochrane Library number: CD001208. In: The Cochrane Library, Issue 2, 2002. Oxford: Update Software. Updated frequently.
  3. Wade CE, Kramer GC, Grady JJ, Fabian TC, Younes RN. Efficacy of hypertonic 7.5% saline and 6% dextran-70 in treating trauma: a meta-analysis of controlled clinical studies. Surgery 1997;122:609-616
  4. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-971198. In: The Cochrane Library, Issue 4, 1999. Oxford: Update Software
  5. Jabbour M, Osmond MH, Klassen TP. Life support courses: are they effective? Ann Emerg Med 1996;28:690-698
  6. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-970090. In: The Cochrane Library, Issue 4, 1999. Oxford: Update Software
  7. Sethi D, Kwan I, Kelly AM, Roberts I, Bunn F. Advanced trauma life support training for ambulance crews. The Cochrane Database of Systematic Reviews, Cochrane Library number: CD003109. In: The Cochrane Library, Issue 2, 2002. Oxford: Update Software. Updated frequently
  8. McGee S, Abernethy WB, Simel DL. Is this patient hypovolemic? JAMA 1999;281:1022-1029
  9. The Database of Abstracts of Reviews of Effectiveness (University of York), Database no.: DARE-998445. In: The Cochrane Library, Issue 4, 2000. Oxford: Update Software

    Превод и обработка: Научен сор. Др.сци Нико Беќаровски
ВЕСТИ







 

 

 

© Copyright 2008