Дали ви се допаѓа новиот дизајн?
Ми се допаѓа
Не знам
Не ми се допаѓа






Акутна пулмонална реакција на иритирачки гасови

Цели

  • Белодробниот едем кај лица експонирани на одредени иритантни гасови (на пр. Nitrogen dioxide, chlorine) се спречува со итна администрација на кортикостероиди за инхалирање.
  • На работните места каде постојат иритантни гасови, потребно е да се достапни кортикостероиди за инхалирање.

Експозиција

  • Пожари
    • Мешавина од различни гасови и атомски честички
    • На пр. Акролеинот се ослободува при горење на нафтени деривати и пластика.
  • Индустриска експозиција
    • Гасови кои се ослободуваат во индустриски процеси
    • Истекување на гасови во индустриски погони и за време на транспорт

Афектирани органи и симптоми

Високо хидросолубилни гасови (амонијак, хидрохлорна киселина, сулфурна киселина, формалдехид, ацеталдехид, ацетна киселина) се абсорбираат низ мукозната мембрана на горните дишни патишта, предизвикувајќи

    • Интензивно кашлање
    • чувство на печење
    • едем на епиглотисот или ларинкс
  • Средно хидросолубилни гасови ( хидрофлуорна киселина, сулфур диоксид, хлор, хлор диоксид, јод, бром, флуор) ги афектираат бронхите предизвикувајќи
    • Кашлање
    • Зголемена мукозна продукција
    • Бронхална опструкција

  • Слабо хидросолубилни гасови ( фозген, озон, нитроген диоксид, метил бромид, акролеин, диметил сулфат, цинк хлорид) достигаат до алвеоли, предизвикувајки белодробен едем кој може да се развие веднаш или со доцнење повеќе од 24 часа, на пример: нитроген диоксид води до белодробен едем помеѓу 3 до 30 часа после експозиција. Симптомите на белодробен едем предизвикани од иритативни гасови вклучуваат
    • сува кашлица или сукрвичав искашлок
    • диспнеа, кркорење
    • гадење, повраќање
    • можна треска, симптоми на хипотензија

  • Било кој иритативен гас може да предизвика животно-загрозувачка повреда на алвеоли доколку експозоцијата е многу интензивна и трае долго.
  • Можни се и долготрајни секвели 1.

Третман

Превенција на белодробниот едем

Секогаш е побезбедно давање на кортикостероиди со цел превенција на белодробен едем , отколку воздржување од тоа.

  • Профилактички постапки
    • Првите 24 часа: на пациентот му се дава колку е можно побрзо после експозиција (најдобро во првите 15 минути) 800 mg budesonide или 1000 mg beclomethasone во инхалација, користејќи кабина за инхалирање. Дозата се повторува по 4 часовен интервал.
    • Следните 4 дена: истата доза дадена 4 пати дневно за време на работните часови на пациентот.
    • После 5 дена: третманот се прекинува, освен ако има белодробни наоди во кој случај третманот се продолжува се до излекување.
  • Многу интензивни експозиции бараат високи дози на интравенозна кортикостероидна терапија. Оваа терапија, или развиениот белодробен едем бараат интензивна нега во болница.

Третман на бронхијалната опструкција

  • Бета симпатомиметици на секои 3 часа , т.е.
    • Salbutamol 0.4 mg
    • Terbutalin 0.5 mg
    • Fenoterol 0.4 mg
Третман на едем на епиглотис или ларинкс

      • Инхалација со адреналин
        • Најмногу 3 инхалации за време од 30 минути
        • Најмалку 1 минута помеѓу инхалациите

      Третман на кашлица

      • Clobutinol hydrochloride 20 mg (= 2 мл 10 мг/мл) и.м. или и.в.
      • Бета симпатомиметиците исто така имаат ефект.

      Литература

      1. Schwartz DA, Smith DD, Lakshminarayan S. The pulmonary sequelae associated with accidental inhalation of chlorine gas. Chest 1990;97(4):820-5
      2. Walker E, Hay A. Carbon monoxide poisoning. BMJ 1999; 319:1082–83
      3. Pullinger R. Something in the air: survival after dramatic, unsuspected case of accidental carbon monoxide poisoning. BMJ 1996;312:897–898
      4. Juurlink DN et al. Hyperbaric oxygen for carbon monoxide poisoning. In: Cochrane Library, Issue 4, 2000, Oxford: Update Software
      5. European Committee for Hyperbaric Medicine. Wattel F, Mathieu D (eds.) 1st European Consensus Conference on Hyperbaric Medicine. Lille 1994, pp 1–157
      Превод: Научен сор. Др.сци Нико Беќаровски

        ВЕСТИ







         

         

         

        © Copyright 2008