|
Ингестија на корозивни материи |
Ингестија на алкални материи
Основни напомени
- Знаците и симптомите, вклучуваат изгореници во устата, усните, јазикот, епигастрична болка, повраќање, проблеми со голтањето.
- Отсуството на орални знаци не значи дека пациентот не ингестирал.
- Ургентна горна ендоскопија во тек на 24 часа е есенцијална кај сите пациенти со симптоми, или намерна ингестија.
Клиничка слика
- Може да варира од асимптоматска до безнадежна.
- Епигастрална болка, гадење и повраќање се најчести симптоми
- Гастринтестиналното крварење може да се манифестира како хематемеза или мелена.
- Појавата на стридор, афонија и промукнатост сугерират дека е афектиран ларингсот.
- Ретростерналната болка, покачена температуре и емфизем на вратот сугерираат езофагусна перфорација.
- Перфорација на субдијафрагмалните органи е поретка и е пратена со затегнат стомак, илеус, температура.
Параклинички иследувања
- Комплетна крвна слика, електролити, гликемија, уреа.
- Ургетна езофагогастродуоденоскопија во првите 24 часа.
- RTG на бели дробови и абдомен
- Кај пациенти со намерна ингестија, токсиколошки скриниг за евентуална консумација на друг медикамент или средство.
Третман
- Моментално стабилизирање и овозможување на проодност на дишните патишта е есенцијално при појава на стридор, диспнеа или орофарингеален оток.
- Директна ларингоскопија, со претходна седација, се прави кај пациенти со живото загрозувачки ларингоспазам. При ова неопходно се имплантира ендотрахелана сонда.
- Деконтаминација со примена на медицинсдки јаглен или лаважа е контраиндицирана.
- Фибероптичка панендоскопија се изведува во текот на првите 24 часа.
- За визуализација на промените се користи скалата на Заргар.
- 0 степен/нормален наод
- 1 степен/мукозен едем и хиперемија
- 2 степен/улцерации
- 2а) суперфицијални улцерации
- 2б) длабоки дискретни или циркумферентни улцерации
- 3 степен/ некрози
- 3а) мали остри ареи со некорза
- 3б) екстензивни (масивни) некрози
- RTG на дигестивен тракт со контрастно средство (barium/gastrografin) се применува 2 недели по ингестијата.
- Хируршки третман
- Итен
- Перитонитис,
- Медијастинитис
- Масивни крварења
- Ран хируршки третман
- Пациенти те со екстензивни некротични зони имаат смртност од >60% поради што кај нив е индициран ран хируршки третман ( првите 48-72 часа).
- Апликација на кортикостероиди
- Треба да се користи само кај пациенти со втор степен на оштетување, посебно кај тие што ќе бидат подложени на дилатациони техники.
- Метилпреднизолон се дава иницијално во дози од 40 mg/i.v. на секои 8 часа, во текот на три недели, а потоа постепено се смалуваат до 6 недела.
- При примена на кортикостероиди задолжително се дава ампицилин, за да се ублажи секундарната инфламација поради бактериската инвазија на оштетеното ткиво.
- Дополнителна терапија:
- Антациди
- N2 -блокатори
- Инхибитори на протонската пумпа
- Сукралфат.
- Марливата супуративна нега, со точно внимание на течностите, електролитите и рано продолжување на исхраната (идеално со ентерички внес) е витално за пациентите со тешка клиничка слика.
Водење на болниот
- Пациентите со 0 и I ендоскопски верифициран стадиум, може веднаш да бидат отпуштени ако нема други социјални или психијатриски проблеми.
- Пациентите со втор и трет стадиум се третираат во интензивна нега.
- Пациентите со перфорација и трет екстензивен стадиум веднаш се трансферираат во хирушко одделение.
- Сите останати пациенти се третираат во специјализирани болнички установи.
Секвели
- Најчеста секвела е езофагеална стриктура
- Се развива 2- 4 недели по ингестијата.
- Може да се третираат со бужирање по 3/4 недела.
- Одложената дилатациона терапија по бужирањето го намалува ризикот од јатрогена перфорација.
- Езофагеална ресекција со/без имплантација на дел од дебелото црево е решение за мултипли или големи стенози на езофагот.
Ингестија на киселини
Основни напомени
- Анамнезата за ингестија на киселина, треба да содржи податок за името на киселината, концетрацијата и количината.
- Симптомите може да отсуствуваат дури и при тешки облици на ингестија.
- Ендоскопската градација на лезиите во гастроинтестиналниот тракт е есенцијална.
- Ургентната лапаратомија е индицирана ако се појави бил кој знак или симптом кој укажува на перфорација.
Најчесто користени киселини
- Оцетна киселина, најчесто од 6-40%( кај нас јаи ма и концетрирана=есенција).
- Борна киселина
- Карболна киселина (фенол).
- Хромна киселина 5-20%.
- Формалдехид 60%.
- Хидрохлорна киселина 36%.
- Оксална киселина
- Азотна киселина 63%.
- Фосфорна киселина 5-80%.
- Сулфурна киселина 95-99%.
Клинички знаци и симптоми
- Стридор
- Повраќање
- Хематемеза
- Мелена
- Респираторен дистресс
- Орофаринксна болка
- Дисфагија
- Градна, абдоминална и епигастрална болка
- Орофарингеални изгоретини
- При тешки труења:
- Хипотензија
- Метаболна ацидоза
- Дисеминирана интраваскуларна коагулација
- Акутна бубрежна инсуфициенција
Параклинички анализи
- Лабораториските анализи, опфаќаат комплетна крвна слика, електорлитен статус, коагулациони фактори, хепатални ензими, ренален статус, гасни анализи.
- RTG на граден кош при сомнение за аспирација.
- RTG на абдомен при сомнение за перфорација.
- Тестирање на изметот за окултни крварења.
- Езофагогастродуоденоскопија во привте 24 часа
Третман
- Стабилизација на витални функции
- Деконтаминација
- Внимателно имплантирање на назогастрична сонда, со цел да се изврши сукција на заостанатата киселина.
- Употреба на деконтаминационите техники (медицински јаглен, лаважа, пасажа) се контраиндицирани.
- Дилуционите методи се контраиндицирани.
- Неутрализационите методи се контраверзни и не се во рутинска употреба.
- Ургентна ендоскопија на горниот дигестивен тракт се прави во првите 24 часа, освен ако знаците за перфорацијане сугерираат итна лапароскопија.
- За верификација на тежината на лезиите се користи скалата на Заргар ( види ингестија на алкални материи)
- Ендоскопската ултрасонографија е посупериорна од конвенионалната ендоскопија, но е технички изводлива во мал број медицински центри.
- Употребата на системски кортикостероиди во терапијата на лезиите предизвикани од киселини не се препорачува.
- Употребата на антибиотици се применува само при верифицирана инфекција.
- При појава на акутна бубрежна инсуфициенција пациентот се подложува на хемодијализа.
- Дилатација
- Самостојно нема ефект во намалување на езофагусните стенози.
- Во комбинација со бужирањето, балон дилатацијата и стентирањето имаат ефект во намалување на езофагусните стриктури.
- Хирушки третман
- Итен, при перфорации на храноводот или желудникот.
- Ран, при ендоскопска дијагноза на III степен.
- Одложена, при појава на езофаусни, желудечни и дуоденални стенози.
Секвели
- Касни компликации од ингестија на киселини се езофагусни стриктури кои настануваат 3-4 недели по ингестијата и стенози во желудникот и дуоденумот кои може да се формираат до 3 месеци.
- Формирањето на стриктури корелира со тежината од иницијаните лезии
- Нултиот, првиот и 2а степенот не даваат стриктури.
- >70% од IIb степенот и >85% од III степен развиваат езофагусни стенози.
- Пациентите со ингестија на киселина треба доживотно да се монитораат поради зголемениот ризик за малигнизација на храноводот.
Литература:
- Wason S. The emergency management of caustic ingestions. J Emerg Med 1985;2:175-82
- Howell JM. Alkaline ingestions. Ann Emerg Med 1986;15:820-5
- Nuutinen M, Uhari M, Karvali T, Kouvalainen K. Consequences of caustic ingestion in children. Acta Paediatr 1994;83:1200-5
- Christesen HB. Prediction of complications following unintentional caustic ingestion in children. Is endoscopy always necessary? Acta Paediatr 1995;84:1177-82
- Anderson KD, Rouse TM, Randolph JG. A controlled trial of corticosteroids in children with corrosive injury of the esophagus. N Engl J Med 1990;323:637-40
- Lamireau T, Rebouissoux L, Denis D, Lancelin F, Vergnes P, Fayon M. Accidental caustic ingestion in children: is endoscopy always mandatory? J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2001 Jul;33(1):81-4. PMID: 11479413
- Gupta SK, Croffie JM, Fitzgerald JF. Is esophagogastroduodenoscopy necessary in all caustic ingestions? J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2001 Jan;32(1):50-3. PMID: 11176325
Ингестија на каустични супстанци кај деца
- Основни правила
- Прва помош во домашни сулови
- Прва помош во примарна здравствена заштита
- Третман во болница
- Литература
Основни правила
- Каустични материи се киселини и алкали со рН>12.( бази, детергенти за перење, амонијак, натриум хидроксид)
- Алкалиите со рН.12,5 се посебно штетни
- Миењето уста и пиењето течност се адекватна прва помош.
- Генерално децата без симптоми може да се следат во своите домови, но тие со симптоми треба да се трансферираат во болници B.
Прва помош во домашни услови
- Изми ја устата и фаринксот со вода што побргу.
- Дај течности (вода, млеко) за да се разблажи корозивната супстанца.
- Не предизвикувај повраќање
Прва помош во примарна здравственаљ заштита
- Децата без симптоми се испраќаат дома. Родителите се советуваат да го контактираат докторот ако се јави некој од доленаведените симптоми.
- Дисфагиа ( детето не сака да јаде и пие), повраќање или респираторен дистресс се индикации за моментална хоспитализација B.
- Исто така испрати ги во болница сите деца кои ингестирале база, непозната корозивна материја, или детергент за машини за перење садови (рН>12,5)
- Лабораториски анализи, RTG илседувања, кортикостероиди или антибиотици не се потребни.
Хоспитален третман
- Ако детето има пореметено голтање, повраќање или дистресс се хоспитализира во интензивна единица.
- Детето може да конзумира течности и храна слободно, ако нема повраќање и дисфагија кои ќе го спречат пиењето и јадењето ( во подоцнежните фази се поминува на и.в. администрација на течности).
- Не се прават рутински иследувања како ендоскопија, лабораториски анализи или RTG. Ендоскопија се прави и тоа не пред 24-36 часа само кај деца со саливација и болки при голтањето.
- Ендотрахелана интубација е индицирана при респираторен дистресс.
Литература:
1. Wason S. The emergency management of caustic ingestions. J Emerg Med 1985;2:175-82
2. Howell JM. Alkaline ingestions. Ann Emerg Med 1986;15:820-5
3. Nuutinen M, Uhari M, Karvali T, Kouvalainen K. Consequences of caustic ingestion in children. Acta Paediatr 1994;83:1200-5
4. Christesen HB. Prediction of complications following unintentional caustic ingestion in children. Is endoscopy always necessary? Acta Paediatr 1995;84:1177-82
5. Anderson KD, Rouse TM, Randolph JG. A controlled trial of corticosteroids in children with corrosive injury of the esophagus. N Engl J Med 1990;323:637-40
6. Lamireau T, Rebouissoux L, Denis D, Lancelin F, Vergnes P, Fayon M. Accidental caustic ingestion in children: is endoscopy always mandatory? J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2001 Jul;33(1):81-4. PMID: 11479413
7. Gupta SK, Croffie JM, Fitzgerald JF. Is esophagogastroduodenoscopy necessary in all caustic ingestions? J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2001 Jan;32(1):50-3. PMID: 11176325
Превод: Науч.сор.др.сци Нико Беќаровски
|
|
|