Препознај ги знаците и симптомите при експозиција на пестициди (акутна и хронична)
Основни клинички техники
Основниот третман на акутни труења со пестициди вклучува деконтаминација на очите, кожа и гастроинтестинален тракт, заштита на дишни патишта и контрола на грчеви. Овие техники се применуваат кај повеќето труења со пестициди иако се однесуваат на специфични пестициди. Основните техники се опишани подолу.
Деконтаминација на очи и кожа
Пациентот треба да се измие под туш, од глава до пети со сапун и вода за да се отстранат хемикалиите.
- Треба да се носат гумени ракавици за време на деконтаминацијата.
- Не заборавај да се исчистат и превоите на кожа и под прсти.
- Исплакни ги очите со чиста вода 10-15 минути.
- Контаминираната облека треба да се отстрани веднаш и спакува.
- Избегнувај контакт со контаминирана облека и телесни течности.
Заштита на дишни патишта
-
Осигурај проодни дишни патишта.
-
Аспирирај ја секрецијата во уста.
-
Дај кислород освен ако не е препорачливо ( на пр. кај труења со паракват и дикват)
Гастроинтестинална деконтаминација
Ниедна техника не е рутинска, но може да се смета како опција.
- Гастрична лаважа:
- Употреби само кај ингестија на потенцијално живото-загрозувачки дози на отров и ако може да се изведе во првите 60 минути од ингестија.
- Контраиндицирана е кај ингестија на јаглеводороди.
- Празнење на црева
- Треба да се аплицира еднократно, со цел да се намалат штетните ефекти
- Сорбитол-1-2 гр/кг еднократно или
- Возрасни: 70% сорбитол, 1-2 мл/кг
- Деца: 30% сорбитол, 1,5-2,3 мл/кг.
- Контраиндикаци се отсутна перисталтика, абдоминална траума или хирушка интервенција и интестинална перфорација или опструкција. Исто така постапката е контраиндицирана и при хемодинамски колапс, хипотензија, електролитен дисбаланс и ингестија на корозивна супстанца.
- Сорбитолот не се препорачува кај труења со органофосфати, карбамати, дикват и паракват.
- Медицински јаглен:
- Најефективен ако се даде во првите 60 минути од труењето.
- Дозирање:
- Возрасни над 12 години: 25-100гр во 300-800мл вода
- Деца под 12 години: 25-50 гр.
- Доенчиња под 20 кг: 1гр/кг.
- Контраиндикации се незаштитени дишни патишта, ледиран ГИТ, и доколку постои зголемен ризик од аспирација при труења со јаглеводородни пестициди.
- Сируп на ипекакуана:
- Провери дали форсираното повраќање е контраиндицирано кај инволвираниот пестицид.
- Дозирање:
- Адолесценти и возрасни: 15-30 мл, по кој се ординира 240 мл водА
- Деца од 1-12 години: 15мл, а потоа 120-240 мл. вода.
- Доенчиња од 6-12 месеци: 5-10 мл., а потоа 120-240мл вода.
- Дозата може да се повтори доколку не се предизвика повраќање во првите 20-30 минути.
- Контраиндикации се ослабени одбрамбени рефлекси на дишните патишта, внес на корозивен материјал и внес на супстанции кои го апсорбираат отровот во тек на еден час.
Контрола на конвулзии
- Најголем дел на пациенти реагираат на бензодијазепини.
- Лоразепам за статус епилетикус:
- Возрасни: 2-4 мг дадени интравенски во тек на 2-5 минути. Ако е потребно повторувај до 8мг во тек на 12 часа.
- Адолесценти: Исто како кај возрасни до максимум 4 мг.
- Деца до 12 години: 0,05-0,10 мг/кг и.в. во тек на 2-5 минути. Ако е потребно повтори 0,105 мг/кг по 10-15 минути.. Максимум 4 мг.
- Диазепам е често користен кај труења со органохлорни соединенија.
- Возрасни: 5-10 мг, и.в., се повторува секои 5-10 минути, максимум 30мг.
- Деца: 0,2-о,5 мг/кг и.в. секои 5 минути до максимални 10 мг. кај деца над 5 години и до 5 мг кај деца под пет години.
- Фенобарбитонот исто така може да се примени.
- Возрасни , деца и новороденчиња: 15-20 мг/кг и.в. секои 15-30 минути. Не треба да се дава побрзо од 1мг/кг во минута.
Контраиндикации
- Органофосфати: контраиндицирани се морфин, сукцинилхолин, теофилин, фенотијазини и резерпин
- Карбамати: контраиндицирани се морфин, сукцинилхолин, теофилин, фенотијазини и резерпин
- Органохлорни: контраиндицирани се атропин, епинефрин други адренергични амини поради иритација на миокардот, животински или растителни масла или масти, дадени преку уста.
- Катјонски детергенти: контраиндицирана е ГИТ деконтаминација.
Труења со органофосфорни соединенија и карбамати
- Знаци и симптоми
- CNS:
- грчеви, алтериран ментален статус, конфузија, кома, конвулзии
- Мускарински симптоми:
- дијареја, уринирање, миоза, брадикардија, хипотензија, кондукциони блокови во работата на срцето, бронхоспазам и бронхореа, повраќање, стомачни грчеви, лакримација, саливација.
- Никотински симптоми:
- адренергична стимулација, фасцикулации, мускулна слабост, клонус, кардиореспираторен арест, слабост на дијафрагмата.
- Лабораториски анализи:
- Падот на еритроцитната холинестераза е златен стандард во лабораториската верификација на труењата со органофосфорни соединенија и карбамати.
- Поради хемоконцетрацијата и повраќањето се јавува транзиторен покачен хематокрит и покачена уреа.
- Анјонскиот гап предизвикува појава на ацидоза.
- Поради стресната реакција има појава на хипергликемија, хипокалиемија, хипомагнезиемија и леукоцитоза.
Третман:
- Деконтаминација
- Гастроинтестинална
- Ако од ингестијата не се поминати повеќе од 60 минути се пласира назогастрична сонда и се празни желудечната содржина.
- Дај медицински јаглен, 1гр/кг освен ако повраќањето не го спречува давањето.
- Не се даваат супстанци кои ги празнат цревата
- Кожна
- Извади ја облеката на болниот
- Избањај го болниот
- Лекување:
- Обезбеди проодност на дишните патишта и дај 100% кислород
- Обезбеди интравенски пат: одреди го нивото на холинестеразата.
- Дај тест доза на атропин 1-2 мг и.в.
- Дуплирај ја дозата секои 5-10 минути до прекин на трахеобронхалната секреција по што се дава кислород.
- Не се осврнувај на ширењето на зеницата.
- Внеси инфузија со атропин ако се потребни екстремни дози на атропин (50 мг. во 250 мл физиолошки раствор, тече со брзина од 0,2 мг/мл, титрирај до постигнување на ефекти).
- Дај пралидоксим, кај возрасен 1-2 гр. и.в. во физиолошки раствор во текот на 15-30 минути, а кај деца 20-40 мг/кг во една доза.
- Следни дози:
- Дозата може да се повтори по 1 час а потоа на секои 4-8 часа во текот на 24-48 часа или во инфузија 500мл/час.
- Ако симптомите перзистираат по 48 часа по укинувањето на пралидоксимот, се прави ЕМГ. Ако ЕМГ наодот е патолошки се продолжува со давањето на пралидоксим до нормализирање на наодот.
- Мониторирај ја еритроцитната холинестераза во текот на давањето на пралидоксим, а ако не е можно, стопирај го давањето на пралидоксимот по 24-48 часа.
- При труења со КАРБАМАТИ поради краткиот век на инхибиција на холинестеразата (до 24 часа), третманот е пократок.
- При труења со Carbamate carbaryl давањето на пралидоксим или обидоксим го влошува труењето и тоа е единствен карбамат каде давањето пралидоксим е контраиндицирано.
Секвели од труењето
- Постојат три вида на невролошки секвели кои резултираат од овие труења:
- Пролонгиран мемориски дефект, периферна невропатија, конфузија, промени на личноста мисловни растројства
- Интермитентен синдром: респираторен дефицит, булбарна, вратна и на горните екстремитети, слабост на мускулната маса и успорени рефлекси. Најчесто е поврзана со труења предизвикани од диметоат, диазинон, малатион, фенитион и дикротофос. Се јавува 24-96 часа по труењето а опоравувањето е долготрајно.
- Одложена неуротоксичност или полинеуропатија е сензомоторен дефицит кој се јавува 1-3 недели по труењето. Се јавува моторна слабост на долните екстремитети, атаксија и губиток на рефлексите. Може да прогредира и на горните екстремитети давајки флакцидни симетрични парализи како кај Guillain-Bare синдромот. Опоравувањето може да трае до 15 месеци.
Литература:
1. Roberts D, Buckley NA. Alkalinisation for organophosphorus pesticide poisoning. The Cochrane Database of Systematic Reviews, Cochrane Library Number: CD004897. In: Cochrane Library, Issue 1, 2005. Chichester, UK: John Wiley & Sons, Ltd. 2. Brown JH. Taylor J. Muscarinic receptor antagonists and antagonists. The farmacological basis of therapeutics, 9th edition New York; McGrow Hill,1996; pp141-160 3. Medicis JJ, Stork CM, Howland MA et all: Pharmacocinetics following a loading plus a continoius infusion of pralidoxime compared with the traditional short infusion regimen in human volunters. J.Toxicol.Clin.Toxicol 1996; 34; 289-295
Труења со инсектициди: Пиретрини, Пиретроиди и Органохлорни соединенија
Знаци и симптоми:
- Пиретрини:
- Контактен дерматит
- Алергиски ринит
- Астма
- Пиретроиди:
- Парестезии
- Абдоминлана болка, гадење, повраќање
- Органохлорни соединенија:
- Малаксалост,
- Грчеви
- Тремор
- Апластична анемија (при хронична експозиција)
Лабораториски наоди:
- Детектираната доза во урина не корелира со тежината на симптомите.
Третман:
- Гастроинтестинална деконтаминација
- При алергиски реакции се дава дипхенхѕдрамине, и.м. или и.в. во дози од 25-50 мг
- При конвулзии диазепам, лоразепам или фенобарбитон.
- Пациенти кај кој не се јавуваат знаци на алергија или конвулзии, по 4 часовна опсервација се пуштаат дома.
Труења со инсектициди: N-Dietithyl-3-methylbenzamide (DEET)
Знаци и симптоми:
- Конфузија
- Атаксија
- Генерализирани напади
- Енцефалопатија
- Хипотензија и брадикардија при тешки труења
Лабораториски и други наоди:
- Рутинските лабораториски анализи се уредни.
- Испитувањето на ликворот може да даде лимфоцитна плеоцитоза.
- EEG може да е изменето.
Третман:
- Симптоматски.
- Тегобите се јавуваат во рок од 2 часа.
Литература
- Abou-Donia MB. Wilmarth KR, et all. Neurotoxicity resalting from coexposure to pyridostigmine bromide, DEET and permethrin: Implication of Gulf War chemical exposure. J.Toxicol.Envirom.Health ; 2004; 48:35-56
- Tordoir WF, van Sitiert NJ.et all.Organochlorines, Toxicology 1994;91: 51-57
Труења со паракват и дикват (хербициди)
Основни елементи:
- Паракватот е сино-зелен раствор.
- Дикватот е кафеав раствор.
- Летална доза за паракват е 40 мг/кг.
- Сите суспектни труења задолжително да се хоспитализираат во специјализирани болници
Клинички знаци и симптоми:
- Паракват:
- Тешки труења > 40мг/кг
- Рапидно мултисистемско откажување на повеќе органи
- Каустични мукозни мембрански промени
- Повраќање
- Масивна мускулна некроза
- Ренална, хепатална, респираторна, кардијална, невролошка, адреналана или панреатична инсуфициенција
- Летален исход во тек на неколку часа до неколку дена
- Средни труења 20-40мг/кг
- Локални оштетувања на дигестивниот тракт
- Пулмонална фиброза
- Акутна бубрежна инсуфициенција
- Лесни труења < 20мг/кг.
- Лесни гастроинтестинални оштетувања
- Дикват:
- Идентична клиничка слика освен изостанок на белодробна фиброза, бидејки дикватот не се апсорбира на пнеумоцитите.
Третман
- Обезбедување на дишните патишта и апликација на кислород при аноксија
- Медицински јаглен 1гр/кг
- Интравенска апликација на кристалоиди, со цел да се обезбеди урина во границите од 1-2мл/кг/час.
- Аналгетици и анксиолитици
- Екстракорпорални техники:
- Хемоперфузијата е контраверзна, најверојатно не го менува значајно исходот
- Хемодијализа при развој на АБИ.
- Форсираната диуреза и перитонеалната дијализа немаат никаков ефект.
Секвели
- Пациентите најчесто умираат или поретко оздравуваат.
- Долготрајни пулмонални фибрози се опишани кај труењата со паракват.
Литература
- Ameno K, Fuke C, Shirakawa Y. Different distribution of praquat and diquat in human poisoning cases after ingestion of combinated herbicide.. Arch.Toxicol.; 1994: 68; 4-137
- Bismuth C, Garnier R, Dally S, et all. Prognosis and treatment of Paraquat poisoning: Review of 28 cases. J.Tocicol.Clin.toxicol.1982; 19: 461-474
- Bismuth C. Paraquat poisoning: Mechanisms, Prevention and Treatment. New York: Marcel Dekker: 1995
Труења со родентициди
Труења со антикоагулатни родентициди
Најчести антикоагулатни родентициди се:
- 4-Hydroxycoumarin Brodifacoum
- Bromadiolone
- Difenacoum
- Coumatetratyl
- Clorophacione
- Diphacione
- Pindone
Клинички знаци и симптоми
- Акциденталните труења најчесто поминуваат без видливи клинички манифестации.
- Крварењето е водечки клинички симптом и тоа:
- Епистакса
- Крварење од гингивите
- Модрици
- Хематоми
- Петехијани крварења
- Абдоминална болка со/без хематемеза и/или мелена
- Хемоптизи
- Вагинални крварења
- Субарханоидални, субдурални и интрацербрални крварења
- ВАЖНО: првите 24 часа или подолго се асимптоматски, поради што е неопходна подолга опсервација.
Диференцијална дијагноза
- Вродени и стекнати кооагулопатии
- Дефицит на витамин К
- Алкохолна цироза
- Вирусен прогресивен хепатит
- Дисеминирана интраваскуларна коагулација
- Труења со ацетаминопхен или аманитин
- Каснување од змија
Лабораториски анализи
- Продолжено време на крварење.
- При тешки труења парцијалното тромбопластинско време е продолжено.
- При тешки труења треба да се следи нивото на фибрин и фибриноген.
- Хемоглобинот и хематокритот ја следат тежината на клиничката слика.
Третман:
- Гастрична деконтаминација:
- Давање на 1гр/кг медицински јаглен. Репетирачките дози не се ефикасни.
- Тешките труења се хоспитализираат во интензивна нега.
- Задолжително е давањето на трансфузија или крвни елементи.
- Свежа смрзната плазма или концетрирани фактори се потребни за корекција на пролонгираното време на крварење.
- Витамин К во дози од 10-25мг. аплициран подкожно. При давање на интравенска доза секогаш треба да се биде спремен за анафилактична реакција. Најдобар начин на и.в. апликација е во спора инфузија или 1мг/мин. Корисноста од давањето се јавува по 6 часа.
- Орално давање на витамин К > 100мг. Дејството дополнително е одложено за 2-3 часа поради времето потребно за апсорпција.
- Стабилни пациенти со пролонгирани коагулациони наоди.
- Орално давање на витамин К во дози од 100мг, разделени во три до четири дози.
- Потребно е хоспитализирање и следење на параметрите.
Секвели
- Потполното опоравувње по труењата со родентициди е очекувано. Единствена можна компликација е кортикално крварење со следствена окципитална хеморагија.
Труења со неантикоагулантни родентициди
Родентициди |
Клинички симптоми |
Третман |
Многу токсични |
Арсен |
ГИТ: наузеја, повраќање, пролив, абдоминална болка
КВС: хипотензија, колапс, вентри-куларни аритмии
ЦНС: главоболка, ступор, кома, грчеви |
Пасажа на црева.
Хелати: димеркапрол 3-5 мг/кг и.м. секои 4 часа/5 дена или до <50µг л/ 24 часа |
Бариум |
ЦНС: парестезии, мускулна слабост, парализа
ГИТ: повраќање, пролив, болка |
Лаважа+медицински јаглен
Магнезиум сулфат, Калиум и.в., Испирање со раствор на перманаганат 1:5000 |
Елементарен фосфор |
ГИТ: орални изгореници, повраќа-ње, пролив, болка
ЦНС: немир, летарија, ступор, кома
Други: хепаторенален синдром, крваречки дијатези, хипотензија |
Флуороацетаамид/ натриум монофлуороацетат |
ГИТ: поврашање, пролив, болка
ЦНС: лицеви парестезии, слушни халуцинации, напади, кома |
Гастрична лаважа
медицински јаглен
Рана етанолска инфузија |
ПНУ ( пиридилметил нитрофенилуреа) |
КВС: тахикардија, аритмии
Хипергликемија, кетоацидоза
Периферна невропатија |
Лаважа+медицински јаглен
Ниацинамид
|
Стрихнин |
ЦНС: агитација, миоклонус, хиперрефлексија, трисмус, опистотонус
КВС: брадикардија, хипотензија |
Медицински јаглен
Бензодиазепини
Барбитурати
Форсирана диуреза |
Талиум |
ГИТ: гадење, повраќење, крампи, опстипација
Кожа: темен пигмент на коренот од косата, алопеција, сува кожа,
ЦНС: хистериформно однесување, болна сензорна невропатија |
Медицински јаглен
Калиум ферохексациоаноферат |
Цинк фосфат |
ГИТ: гадење, повраќање, црна емеза и столица
Стегање во градите, кашлица, кркори во градите
КВЦ: шок, хипотензија
ЦНС: атаксија, грчеви, кома
Ренална инсуфициенција, тетанија |
Дилуција со млеко или сода бикарбона
Медицински јаглен
Калциум за третман на тетанија |
Средно токсични |
Алфа нафтил тиоуреа |
Кашлица, цијаноза, кркорење, пулмонален едем.
ЦНС: периферни невропатии
Кожа: иритација |
Гастрична лаважа
Медицински јаглен |
Холекалциферол |
ГИТ: анорексија, повраќање
ЦНС: кома, грчеви, конфузија |
Медицински јаглен
Мониторинг на серумски цалциум
Диуретици,, кортикостероиди, калцитотнин |
Ниско токсични |
Норбормид |
Транзиторна хипотермија, хипотензија, |
Медицински јаглен |
Брометалин |
Главолбка, конфузија, тремор, миоклонус, грчеви, кома |
Медицински јаглен
Антиконвулзиви |
Литература
- Babcock J, Harman K, Pdersen A, et all. Rodenticyde induced coagulopathy in young child. Am.J.Pediatr.Hematol.Oncol. 1993; 15:126
- Meggs WJ, Hoffman RS. Thallium poisoning from masliciously contaminated food. J.Toxicol.Clin.Toxicol.1994; 32-723
Превод: Научен сор. Др. сци Нико Беќаровски
|